Свет
17. March 2016 - 11:15

Приврзаниците на останувањето на Велика Британија во ЕУ се во водство

Приврзаниците за останувањето на Велика Британија во Еврпската унија водат со два проценти разлика од противниците, покажа истражувањето направено од страна на институтот „Ај Си Ем“, пренесува БТА. 

Вкупно 43 проценти од испитаниците сакаат Велика Британија да остане во ЕУ, додека 41 процент се против. 

Шеснаесет проценти од учесниците во истражувањето се уште немаат одлучено дали ќе гласаат „за“ или „против“ на референдумот за прашањето за останокот на Велика Британија во ЕУ, кој ќе се одржи на 23 јуни.