Приврзаниците на опозицијата кампуваат пред зградата на косовската Влада
Приврзаниците на косовската опозиција вечерва кампуваат пред зградата на Владата и Парламентот барајќи од Владата да поднесе оставка и да распише вонредни избори, јави ТАНЈУГ.
Меѓу приврзаниците на опозицијата се и Албин Курти, Висар Имери и други.
Во шаторите има стиропор, ќениња, а на централниот градски плоштад поставена е бина со разглас од кој се слуша музика.
Опозиционерите изјавија дека се подготвени да го блокираат влезот во Парламентот, каде во следните денови треба да се одржи седница на која Хашим Тачи треба да биде избран за претседател на Косово.
Зградите на Владата и на Парламентот вечерва ги чуваат помал број на припадници на полицијата.
Претходно, претставниците на опозициските Алијанса за иднината на Косово, Иницијативи за Косово и Самоопределување изјавија дека на тој начин ја почнуваат новата ера на протести и оти ќе останат на улица се до соборување на Владата. Тие планираат да протестираат до 7. март, кога истекува рокот за избор на нов претседател на земјата. Ако не биде избран претседател тогаш ќе мора да бидат распишани вонредни избори.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство