Привршуваат градежните работи на регионалниот пат Делчево - Берово
До крајот на мај треба да завршат градежните работи на регионалниот пат Делчево - Берово кај делчевското село Град, каде што се работи на подобрување на свлечиштето кое со години беше црна точка на оваа делница од патот.
Според информациите од одговорните лица од изведувачот ГД „Гранит“, со интервенцијата се врши стабилизација на постојниот труп на патот на длабочина од два метра, се изработува нова дренажа со должина од 230 метри покрај левиот труп на патот со што подезмните води се носат до нов армирано бетонски цевчест пропуст, насипување со дробен камен по што ќе следува асфалтирање. Исто така, со изработка на бетонски отворен канал над дренажата, на левата страна од патот ќе се прифаќаат и површинските води, а по целата должина од 230 метри од двете страни ќе се монтира еластично-одбојна ограда за заштита на каналот и поголема безбедност во сообраќајот.
Проектот е вреден 17 милиони денари, средства обезбедени преку Светската банка, а инвеститор е ЈП за државни патишта.
Ново на Сител
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
Приведена 65-годишна штипјанка, го принудувала внукот да питачи во Дебар
-
Физички нападнат 30-годишен велосипедист во подрачјето на Карпош
-
46-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син се оддалечил од домот
-
Германија мора да регрутира до 60.000 нови војници за да ги исполни целите на НАТО
-
Приведен 40-годишник, се заканувал на сограѓанин
-
На лекување во странство и во домашните болници има 12 пациенти од пожарот во Кочани, еден е во тешка состојба, вели Клековски