Македонија
8. July 2015 - 17:31

Привршува реконструкцијата на центарот за социјални работи во Прилеп

По интензивните тримесечни градежни зафати, привршува темелната реконструкција на МЦСР во Прилеп кој е изграден пред повеќе од 30 години. Според ресорниот  министер Спасов, кој денеска го посети Центарот, досега, реконструкцијата е веќе завршена врз два објекти во земјава, а се работи на уште три, пришто, во прилепскиот Центар ќе бидат инвестирани 8 милиони денари, државни пари.
 
Како што посочи Спасов, во финална фаза е постапката за почеток и на третата фаза од овој владин проект, со која ќе бидат опфатени практично сите Центрите за социјана работа во земјава.
 
Во меѓувреме, и покрај  градежните работи, во прилепскиот МЦСР, вработените адаптирајки се на условите, а во интерес на граѓаните тековно ги обавуваат сите активности.