Привршува проектот за учебници според Кембриџ системот
Учебници по Кембриџ за сите основци. Идната година ќе се заокружи процесот со кој учениците, математика и природни науки ќе учат како нивните врсници во Велика Британија. Министерството за образование потпиша договор со Кембриџ, меѓународнио центар за наставни програми со кој цела година ќе се преведуваат и адаптираат книгите за 7, 8 и 9-то одделение. Програмите ќе бидат прилагодени со возраста на децата, велат од бирото за образование, на тоа се внимавало и кога се адаптирале книгите од 1-во до 6-то.
По Кембриџ , учат ученици од 160 земји. Македонија е единствена во регионот која ја спроведува програмата.
Според надлежните ова е една од најзначајна реформи во образованиот систем, предвидува повеќе практична наства, поголема интеракција,зголемена коминикација наставник ученик, напуштање на стариот принцип на предавање. Кембриџ програмата почна да се спроведува етапно пред две години.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар