Македонија
30. August 2022 - 21:03

Привремено се укинуваат царински стапки за млеко и павлака

Со цел да се намали растот на цените, Владата денеска донесе одлука за времено укинување, (до 31.12.2022 година), на царинската стапка од 20 проценти за млеко и павлака, некoнцентрирани и без дoдаден шеќер или други материи за засладување со содржина на маснотија по маса што надминува 21 проценти, но не надминува 45 отсто и царинската стапка од 15 отсто за млеко и павлака, неконцентрирани и без додаден шеќер со содржина на маснотија по маса што надминува 10 отсто, но не надминува 45 отсто во амбалажа, чија нето маса не надминува 2,5 кг.

Од владината прес-служба соопштија дека увозот на овие тарифни ознаки од земјите на ЦЕФТА е без царина, а од земјите-членки на Европската Унија се врши со царинска стапка од пет отсто.