Свет
19. December 2024 - 20:50

Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини

Американската Федерална управа за авијација (FAA) воведе привремена забрана за користење на дронови во неколку области во Њу Џерси поради безбедносни причини.

Забраната ќе трае до 17 јануари 2025 година и се однесува на сите дронови без специјална дозвола од владата.

Во изминативе недели, илјадници луѓе забележале дронови на ноќното небо во Њу Џерси, што предизвика страв и шпекулации меѓу жителите.

ФАА предупреди дека кршењето на забраната може да доведе до административни и кривични мерки, вклучувајќи одземање лиценца и апсење.

Ново на Сител