Привремен сообраќаен режим на булеварот „Христијан Тодоровски
Дел од булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, на потегот од улицата „Ферид Бајрам“ до улицата „Боца Иванова“, денеска од 7 часот е затворен за сообраќај поради изведување градежни активности за асфалтирање на коловозот.
Како што соопшти Град Скопје, за време на градежните работи сообраќајот во овој дел од градот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.
Сообраќајот на оваа делница додека траат градежните активности ќе го регулираат и униформирани полициски службеници или други овластени службени лица.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, се вели во соопштението од Град Скопје.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава