Приведено лице поради сомнение за трговија со луѓе
На 08.08.2020 година во временскиот период од 00,15 до 02,00 часот од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар - СВР Тетово при Бирото за јавна безбедност на МВР врз основ на писмена наредба од судија по претходна постапка при Основен Суд Гостивар бил извршен претрес во угостителски објект и други помошни простории сопственост на Р.Б.(46)од с. Добридол, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“од Кривичниот законик на Република Северна Македонија .При извршениот претрес во угостителскиотобјект биле затекнати десет женски лица на возраст од 21 до 39 години од кои три се државјанки на Република Северна Македонија, шест се државјанки од Република Албанија и една е од Република Косово , кои заедно со сопственикот на угостителскиот објект Р. Б. биле лишени од слобода и задржани во полициска станица Гостивар поради основано сомнение за извршено кривично дело „Трговија со луѓе“ член 418-а, од Кривичниот законик на Република Северна Македонија и против нив по завршување на постапката ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Партиите со меѓусебни обвинувања – Кој ги брка младите од државата?
-

Сиљановска: Без финансии нема независно судство
-

Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе почне на 19. септември
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски учествува на годишниот состанок на УО Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ
-

Мицкоски: Граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат
-

Врховен суд на Македонија домаќин на XVI годишна конференција на врховни судови од Централна и Источна Европа
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
