Приведено лице од скопско, при претрес во нелегална импровизирана работилница запленет над 1 тон тутун
На 18.11.2021 во 18.50 часот на подрачјето на Чаир полициски службеници од Одделот за криминалстичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со СВР Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода А.Ќ.(31) од с.Љуботен, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
Имено, во заедничка акција со Царинска управа на Република Северна Македонија за недозволено производство и продажба на режан тутун на подрачјето на Скопје, при извршена контрола на патничко возило „ауди А4 караван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ќ. и при претрес во неговата куќа во с.Љуботен, извршен со судска наредба, биле пронајдени 750 пакувања со режан тутун, со вкупна тежина од околу 224 килограми, како 865 килограми тутун во лист, машина за производство на режан тутун, поголема количина на амбалажа за пакување тутун со различни натписи од повеќе видови тутун, ваги за мерење, опрема и картонски кутии за пакување на тутун.
Пронајдените предмети биле одземени и предадени на вештачење, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата