Приведено лице од Албанија, кај него пронајдени фалсификувани лични документи
На 16.12.2022 во 12.00 часот на граничен премин Делчево, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Делчево го лишиле од слобода Л.М.(53) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека патната исправа што ја приложил била фалсификувана. Исто така, при преглед кај него и во возилото во кое се превезувал, во багажот биле пронајдени фалсификувани италијанска лична карта и италијанска возачка дозвола на негово име, како и оригинална лична карта на лице од Италија.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што тој признал дека документите се фалсификувани и дека ги набавил од лице од Албанија за одредена сума на пари. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух