Македонија
14. April 2023 - 13:20

Приведено 52-годишно лице при џебна кражба на автобуска постојка

Полициски службеници од одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар Бит Пазар, вчера околу 15 часот на автобуска постојка на улицата „Димитрија Чуповски“, го лишиле од слобода скопјанецот К.С., на возраст од 52 години.

- Тој бил фатен при извршување џебна кражба, при што од чанта на С.К., на возраст од 68 години, од Зелениково, скопско, одзел мобилен телефон, појаснија од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.