Приведени возачи во Куманово и Кумановско под дејство на алкохол
На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка ноќеска во 00.10 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ѓ.(46) од Скопје.
Како што соопшти МВР, при контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ѓ. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,60 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
-На 30.04.2025 во 22.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Т.(44) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „ситроен“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,58 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, информира МВР.
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат