Приведени возачи од Штип, Кочани, Прилеп и Крива Паланка, возеле пијани и предизвикале сообраќајни несреќи

Нa 22.11.2025 околу 01:30 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.А.(37) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал A.A. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта.
Нa 22.11.2025 во 01:26 часот на ул. „Никола Карев“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.К.(20) од с.Прибачево. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна незгода, во која Д.К. учествувал со патничко возило „фиат“ со кочански регистарски ознаки, било констатирано дека Д.К. е под дејство на алкохол, односно дека во организмот има 1,58 промили алкохол во крвта.
На 22.11.2025 во 02:50 часот на ул.„Прилепски Бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.С.(21) од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С. и по преземени мерки е констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно дека има 2,79 промили алкохол во крвта.
На 21.11.2025 во 09:34 часот на ул. „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Џ.С.(29) од Крива Паланка. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна незгода, во која Џ.С. учествувал со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки, било констатирано дека Џ.С. е под дејство на алкохол, односно дека има 2,06 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-

Позајмил автомобил од својот братучед, па го продал на друго лице – кривична пријава за 40-годишен гостиварец
-

Воена вежба на македонската и белгиската армија утре кај Радожда
-

„Онкологија 2“: Планот за набавка на биолошка терапија не го носел стручен колегиум, недостигале и протоколи и упатства за биолошката терапија
-

„Сејф Сити“: Одземени 90 возила за две недели
-

Приведен 28-годишник, при претрес во неговиот дом пронајдени се дрога и куршуми
-

Реките со енормен пораст по обилните дождови - Треска четири, а Вардар два и пол пати над просекот
-

Жител на неготинско Тимјаник возел без возачка, одземено му е возилото
-

Македонското еколошко друштво започнува нов проект за обнова на популацијата на белоглавиот мршојадец во Македонија
