Приведени уште пет лица за нападот на Села во Собранието
Основното јавно обвинителство Скопје ја прошири истрагата и приведе уште пет лица за нападот на пратеникот Зијадин Села, што се случи за време на насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април годинава.
- Во врска со постапката што се води во Основното јавно обвинителство Скопје за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села, надлежен јавен обвинител донесе Наредба за проширување на истрага за уште пет лица за сторено кривично дело убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик, велат од скопското Обвинителство.
Петте лица, како што подочуваат од Обвинителството, по барање на надлежен јавен обвинител се лишени од слобода при вршење на претрес во нивните домови. Во текот на денот Обвинителството ќе презема дејствија за утврдување на факти и спрема останати лица.
Претходно, ОЈО на 10 мај годинава поведе истрага за две лица, татко и син, за кои е утврдено дека учествувале во нападот врз Села на 27 април. На двајцата тогаш им беше одредена мерка притвор.
Ново на Сител
-
Рекордни 8,2 тона кокаин запленети во Колумбија
-
Конгресот го усвои првиот законски предлог на Трамп за апсење илегални имигранти
-
Нов пожар во Лос Анџелес: „Хјуз“ предизвика евакуација на 50.000 луѓе
-
Трамп потпиша извршна наредба за запирање на мигрантите да влезат преку јужната граница на САД
-
Петровиќ повеќе не е тренер на Пелистер
-
Тројца повредени во верижниот судар синоќа на Скопската обиколница кај Смилковското езеро
-
Делови од Ѓорче Петров, Сарај и Зелениково без струја
-
Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас во посета на Куманово