Приведени уште пет лица за нападот на Села во Собранието
Основното јавно обвинителство Скопје ја прошири истрагата и приведе уште пет лица за нападот на пратеникот Зијадин Села, што се случи за време на насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април годинава.
- Во врска со постапката што се води во Основното јавно обвинителство Скопје за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села, надлежен јавен обвинител донесе Наредба за проширување на истрага за уште пет лица за сторено кривично дело убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик, велат од скопското Обвинителство.
Петте лица, како што подочуваат од Обвинителството, по барање на надлежен јавен обвинител се лишени од слобода при вршење на претрес во нивните домови. Во текот на денот Обвинителството ќе презема дејствија за утврдување на факти и спрема останати лица.
Претходно, ОЈО на 10 мај годинава поведе истрага за две лица, татко и син, за кои е утврдено дека учествувале во нападот врз Села на 27 април. На двајцата тогаш им беше одредена мерка притвор.
Ново на Сител
-
Продолжуваат преговорите за нова влада во Бугарија
-
Интервентна уапсила 50 годишен скопјанец утринава, кај него пронајдена марихуана
-
Затворени училиштата во Лос Анџелес поради заканата од пожар
-
ЦУК: Вкупно 1.359 повици на 112 изминатото деноноќие, мостот на Вардар кај Башино Село затворен за сообраќај
-
Прв случај на метапневмовирус во Грција, надлежните смируваат дека нема простор за паника
-
Скопјани и утринава го дишат најзагадениот воздух во Европа
-
Во израелските воздушни напади врз Појасот Газа убиени 18 лица, од кои осум деца
-
Утринските температури насекаде над нулата, освен во Берово со -1 степен