Приведени уште двајца полициски службеници кои пукале со огнено оружје на семејната веселба во с.Дебреште
На 28.08.2023 од страна од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички истраги при ОВР Прилеп проширена е истрагата во врска со кривичното дело "предизвикување општа опасност" на семејна веселба во с.Дебреште. Идентификувани се повеќе лица кои пукале со оружје на веселбата и за сите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Двајца од нив се полициски службеници: Н.И.(28) и Е.И.( 28) од ОВР Прилеп, а двајца се професионални војници Б.Х.(26) и И.Р.(23), додека останатите се жители од с.Дебреште и с.Саждево, крушевско. Извршени се седум претреси, при што одземено е разновидно оружје кое е употребено за извршување на кривичното дело.
Во врска со овој настан вчера (27.08.2023) беше приведен и командирот на ПО Ропотово Е.Р. и на истиот од страна на судија на претходна постапка одреден му е куќен притвор во траење од осум дена. Исто како и за Е.Р., и за полициските службеници Н.И.(28) и Е.И.( 28) постапува Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, и за нив ќе биде поведена дисциплинска постапка и поднесен соодветен поднесок до ОЈО.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со магла по котлините
-
Трамп го назначи Стивен Милер за заменик-шеф за политика во новата администрација
-
СДСМ: Mицкоски сака да го партизира судството
-
Стејт Департмент: Блинкен ќе се сретне со израелскиот министер Дермер, САД инсистираат на поголема хуманитарна помош за Газа
-
Израел соопшти дека Хезболах истрелал 165 ракети кон северен Израел
-
ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете
-
Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог…