Приведени тројца крадци, расчистени шест кривични дела
Уапсени три лица од гостиварско поради шест тешки кражби и кражба во неготинскиот регион и три украдени електрични тротинети. Дел од украденото им е вратено на сопствениците.
МВР информира дека вчера, во периодот од 09.20 часот до 14.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Ч.(26) од гостиварска Топлица и Е.Ф.(22) и Ј.М.(18) од гостиварски Добридол.
- Тројцата се сомничат дека во изминатиот месец извршиле шест кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ во три објекти во неготинскиот регион, а дополнително одзеле и три електрични тротинети, известуваат од полицијата.
Одземените тротинети се пронајдени и ќе им бидат вратени на нивните сопственици.
- Осомничените се задржани и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа