Македонија
23. February 2025 - 12:39

Приведени три млади лица и еден малолетник - одземени марихуана и боксирач

На 22.02.2025 во 21.30 часот на регионален пат Тетово – Скопје, пред с.Сараќино, тетовско,  полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода А.А(19) и А.М.(21) од с.Шемшово, А.Ј.(18) од с.Слатино, тетовско  и малолетник од с.Палатица затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и боксирач, соопшти МВР.

Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.