Приведени три лица при акциска контрола во угостителски објекти и казина
Полицијата ноќеска приведе три лица при акциска контрола во угостителски објекти, казина и обложувалници на територијата на цела држава.
Кај едно од нив, на подрачјето на Скопје, биле пронајдени седум пакувања со марихуана и против него ќе следува поднесок за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. На подрачјето на Скопје се приведени и двете други лица, од кои едното по член 80 од Законот за оружје, а другото поради точење на алкохол на малолетници, по член 204 од Кривичниот законик.Со контролата, како што посочија од МВР, беа опфатени 290 угостителски објекти, казина и обложувалници на триесетина локации во државата.
-За време на контролата констатирани се два прекршока од Законот за приватно обезбедување и два по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а еден по Законот за лична карта. Од страна на надлежните инспекторати во две казина се затекнати малолетници, спротивно Законот за игри на среќа, а во два угостителски објекта и две казина се констатирани неправилности по Законот за инспекција на трудот, за што против одговорните лица ќе следуваат соодветни поднесоци. Акциските контроли во угостителски објекти и казина ќе продолжат и во наредните денови, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Перински: Ќе се кандидирам за градоначалник на Скопје, ако анкетите покажат рејтинг
-
Затворена зоолошката во Скопје, има сомнеж за „птичји грип“
-
Георгиева: Не чека тешка иднина, најпогодени ќе бидат сиромашните
-
Перински: Незаконски е општини да ја финансираат Албанската академија
-
Костадинов: Водата во Струмица е исправна - се чека потврда од ИЈЗ
-
Пациентите со рак на дојка бараат лекови на позитивната листа, подобрување на скринингот и нови протоколи
-
Нема медицински кадар, а се бркаат стручни лица од болниците
-
Малолетнички бракови тренд во Прилеп