-->
-->
Приведени три лица поради криволовство во демиркаписко
-->
Три лица биле лишени од слобода поради криволов во демиркаписко, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
-Вчера околу 01.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Михајлово во село Дрен, демиркаписко, кај место викано „Брана“, извршиле контрола на возило „нисан“ со штипски регистарски броеви. Возилото било управувано од М.М.(44) од Штип, а како сопатници биле Г.И.(31) од Штип и Т.Л.(45) од Демир Капија. Притоа биле пронајдени ловечка пушка и рибарска опрема за криволов, појаснува Додевски.
Против нив ке биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
-

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
