-->
-->
Приведени три лица од велешко, пронајдено оружје и муниција
-->
На 18.05.2025 во 09.00 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Љ.Д.(60) и Б.Ц.(61) двајцата од село Согле, општина Чашка и С.Р.(72) од село Теово, општина Чашка.
При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Љ.Д. се пронајдени и одземени ловечка пушка и два патрони калибар 12, кај Б.Ц. се пронајдени и одземени ловечка пушка и 17 патрони, додека кај С.Р. е пронајден и одземен еден пиштол со рамка, револвер и пушка, кои ги поседувале без соодветна документација.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Затвор за Бразилка која посредувала во проституција
-
Обвинување за непотизам при вработување во М-НАВ
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот кај Василево, ќе интервенира хеликоптер на МВР и ЕР Трактор
-
Почнува кампањата „Македонско најдобро“
-
И лозарите од штипско незадоволни од понудените откупни цени за грозјето
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот