Приведени три лица од Ресен, прегазиле и физички нападнале полициски службеници
Полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода Б.Р. (26), У.Р. (53), Б.Ј. (23) и Е.Ј.(23), сите од Ресен.
Од Секторот за односи со јавност при СВР Битола информираат дека при вршење на службени дејствија, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат" без регистарски ознаки, управувано од Б.Р. (26) од Ресен, а откако на местото со друго возило пристигнале другите лица, Б.Р. го стартувал возилото и на ногата прегазил еден полициски службеник и удрил во раката друг полициски службеник, по што сите заедно со тврди предмети ги нападнале полициските службеници кои вршеле службени дејствија.
Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.
Од СВР Битола соопштија дека утрово во 02.40 часот, на улицата „Крушевска Република” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.С. (34) од Битола, кај кого при контрола било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава за „безобѕирно управување со моторно возило”.
МИА
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица