Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“

На 07.02.2026 во 12:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода С.М.(26) од с.Стајковци, скопско. По извршени гранични проверки, било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген шаран“ со бугарски национални ознаки иако има мерка „забрана за управување со моторно возило од Б категорија“.
На 08.02.2026 во 02:10 часот на ул. „Пецо Божиновски" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.С.(21) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „рено" со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.С., при што било констатирано дека возилото го управувал иако има мерка „забрана за управување со моторно возило од Б категорија".
На 08.02.2026 во 00:15 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада" во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Т.М .(25) од Скопје. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „рено" со скопски регистарски ознаки, при што констатирале дека Т.М. го управувал возилото иако има мерка „забрана за управување со моторно возило од Б категорија“.
На 08.02.2026 во 01:30 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од Мобилнатa единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиja од слобода М.С.(28) од Велес. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.С., при што било констатирано дека го управувал возилото иако има мерка „забрана за управување со моторно возило од Б категорија“.
На 07.02.2026 во 22:15 часот, на улица „Партизанска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Ј.(25) од Неготино. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ј., при што било констатирано дека возилото го управувал со активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
На 08.02.2026 во 01:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода М.И.(23) од с.Карбинци, општина Карбинци. При контрола во сообраќајот на ул.„Стево Теодосиевски“, полициски службеници запреле патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.И. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото со активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По насоки на јавен обвинител, лицата се лишени од слобода, а возилата одземени и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
-

Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
-

Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс – славеа Нешевски, Николов и Баснарков
-

Бобан Илиоски испиша историја – прв Македонец со договор во GLORY
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
