Приведени осум лица во Велес поради поседување на повеќе видови дрога
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Отсек за недозволена трговија при МВР и од СВР Велес синоќа, од 19:00 до 2.10 часот, на местото викано „Долна Бабуна“ во Велес лишиле од слобода осум лица затоа што кај нив биле пронајдени и одземени повеќе видови дрога.
Како што соопшти денеска МВР, на местото „Долна Бабуна“ била извршена контрола на лица и возила кои присуствуваат и кои доаѓаат на забава.Во 21:00 часот од слобода биле лишени Ѓ.Л.(43) Р.Г.(53) од Велес затоа што кај нив била пронајдена марихуана.
Во 00:30 часот од слобода биле лишени Д.С.(27) од Велес и Ф.М.(32) од Скопје бидејќи кај Д.С. била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај Ф.М. била пронајдена таблета екстази.
Во 01.40 часот од слобода биле лишени Л.С.(43) од Скопје, Е.Р.(31) од Скопје и А.Ц.(41) од Прилел, затоа што кај Л.С. била пронајдена марихуана, а кај Е.Р. била пронајдена бела прашкаста материја, додека пак А.Ц. била затекната во истото возило со Е.Р..
Исто така, во 02.10 часот од слобода бил лишен С.С.(22) затоа што при преглед во возилото кое го управувал била пронајдена таблета.
Лицата биле задржани во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Премиерот Мицкоски очекува ДИК преку правилник да ги прецизира критериумите и начинот на собирање граѓански потписи за независна кандидатура
-
Охридско лето сцена за најдобрите уметници
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар