Приведени малолетници кои украле мотор
Денеска во 00.10 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје се лишени од слобода двајца малолетници, од Скопје и од Струмица, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „одземање на моторно возило“, казниво по член 242 од Кривичниот законик, информира МВР.
Како што информираат од МВР, малолетниците од ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје одзеле мотоцикл „кимко“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.П., кој е пронајден кај нив и вратен на сопственикот. Со малолетниците извршен е разговор во присуство на социјален работник од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи.
За случајот е известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Се виде дека промената на Уставот не го решава проблемот со Бугарија
-
Левица: Предложивме Закон за огрaничување на кириите
-
Таравари: Ќе се трудиме да ставиме повеќе лекови на позитивната листа
-
Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата
-
МВР: Не чекајте последен момент за да ја смените возачката
-
Охрид има над 1500 крвoдарители
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар