-->
-->
Приведени крадци во напуштена свињарска фарма во кумановското село Речица
-->
Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север, синоќа околу 22.00 часот, ги лишиле од слобода Е.Б.(29) и Е.И.(25), двајцата од Куманово.
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, тие биле затекнати со уште едно лице при извршување „тешка кражба“ во објект на поранешна, сега напуштена свињарска фарма во село Речица, кумановско, каде што со алат демонтирале два големи мотори.
-Од лицата бил одземен алатот со кој го извршиле делото, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана
-
Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите
-
Прилеп конечно после години доби проект за нов театар
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер