Приведени две момчиња од скопско, краделе чанти
По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи – ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје расчистија две кривични дела тешка кражба на дрзок начин, сторени во февруари 2023, информира МВР.
Како што информираат од министерството, на 08.03.2023 од слобода бил лишен Љ.А.(20) од с.Батинци, скопско. Тој се сомничи дека на 13.02.2023 на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје со употреба на сила од Н.Б.(50) од Скопје одзел чанта со лични предмети и пари.
Исто така, тој се сомничи дека на 20.02.2023 на бул.„Кочо Рацин“, заедно со В.А.(19) од с.Батинци, со употреба на сила од С.Д.(61) од Скопје одзеле чанта со лични предмети и пари, додаваат од МВР.
- Со Љ.А. бил извршен службен разговор, при што ги признал делата. Денеска, во Полициската станица Бит Пазар бил повикан и В.А., со кого, исто така, бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат во соопштението од министерствтото.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Митов, доктор
-

Православните христијани во исчекување на Христовото Воскресение
-

Иницијатива за геопарк „Лесново“ под покровителство на УНЕСКО
-

Велигден во Пјаченца: Митрополитот Пимен заедно со македонските верници ќе го обзнани Христовото Воскресение
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Почнаа преговорите Вашингтон – Техеран за крај на шестнеделниот конфликт
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
