Приведени две лица во врска со вчерашната пукотница во Охрид, по можниот извршител се трага
Полицјата приведе и лиши од слобода две лица во врска со вчерашниот оружен инцидент во Охрид, кога со огнено оружје беше рането едно лице. Тие во критичниот момент биле заедно со трето лице за кое полицијата смета дека е можниот извршител на кривичното дело „Убиство во обид“ и по кое е покрената потрага.
- Засега непознатиот сторител вчера со огнено оружје - пиштол пукал кон 34-годишно лице од Охрид, нанесувајќи му прострелна рана во пределот на десната потколеница. Повреденото лице со возило на Службата за итна медицинска помош е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, од каде, по укажаната лекарска помош е префрлено во „Клинички Центар“ - Скопје, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Сторителот на казненото дело „убиство во обид“ пукал врз сега повредениот, откако двајцата се сретнале на пресекот на булеварот „Туристичка“ и улицата „Бистрица“ во Охрид при што настанала жестока меѓусебна вербална расправија. По испукувањето, сторителот на казненото дело, заедно со уште три други лица, со патнички автомобил „Фолксваген пасат“ со швајцарски регистарски ознаки, избегале од местото на настанот.
Ново на Сител
-
МЖСПП: По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали
-
Жител на струшко Велешта осомничен за три кривични дела
-
Трамп сака да ја поврати контролата врз воздухопловна база Баграм во Авганистан
-
Македонските ракометарки во Охрид на мегдан против Египет
-
Приведени 15 лица, во кои има вработени во МВР, ЈП Национални шуми, предизвикале штета од над 100 милиони евра
-
13 лица приведени по масовна тепачка пред прилепската болница, полицијата пукала во воздух за да престанат да се тепаат
-
50-годишник од Богданци со остар предмет се заканувал на едно лице на бензинска пумпа
-
Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика