-->
-->
Приведени две лица во Куманово и Тетово за предизвикување на пожар
-->
Вчера (14.08.2025) во 18.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(57) од Куманово поради потоење основи на сомнение за сторено кривично дело "предизвикување на општа опасност".
Имено во населбата Рајкова куќа кон с.Никулски пат предизвикал пожар при што опожарени биле сува трева, патничко возило "ауди", напуштена куќа и ниви.
Исто така во 20.00 часот на место викано Брест атар на с.Челопек полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода И.М.(41) од с.Челопек поради постоење основи на сомнение за подметнување на пожар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе следи соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сончево до среда, од четврток промена на времето
-
Хрватска ќе уништи речиси 12.000 свињи поради африканска чума
-
Скопјанец ја нападнал својата мајка во семејниот дом барајќи и пари
-
Орбан: Ако Украина влезе во ЕУ, и војната ќе дојде со неа
-
Еди Рама сè уште не добил честитки од косовските лидери за четвртиот премиерски мандат
-
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
-
Франција заплени 1,5 тони кокаин вреден 36 милиони евра
-
За секој освоен глас на парламентарните избори, политичките партии во Албанија ќе добијат по 94 лека