-->
-->
Приведени две лица осомничени за кражба на возило
-->

Вчера 15.30 часот на ул. „Брсјчка буна“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Шуто Оризари ги лишиле од слобода А.Ј.(57) и М.Ј.(24), двајцата од Скопје.
Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека на 10.07.2023 на ул.„Херој Карпош“ во Крива Паланка одзеле патничко возило „опел омега“, сопственост на С.В. од Крива Паланка.
Возилото било пронајдено со повеќе извадени делови од него, а лицата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
