Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
Денеска (12.09.2025), со судска наредба, полициски службеници од СВР Куманово извршија претреси во домовите на Д.Х.(47) и Д.Г.(51), двајцата од Куманово, како и во просториите на правното лице на Д.Г., во врска со член 149 и член 152 од Кривичниот законик.
Имено, постапувајќи по објавени видео записи на социјални мрежи, а снимени со дрон на почетокот на август, каде неовластено се снимени зградата на СВР Куманово, службени возила, како и физичкото обезбедување на настан по повод празникот 2 Август, а поради основи на сомнение дека ги направиле Д.Х. и Д.Г. извршени се претресите. Притоа, во домот на Д.Х. се пронајдени, дрон, шест куршуми и неколку нотарски акти и документација, кои ќе бидат предмет за понатамошна постапка, додека кај Д.Г. биле пронајдени 14 дронови.
Со двајцата се извршени службени разговори во полициска станица и се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Русија планира изградба на 38 нови нуклеарни реактори
-
Трамп задоволен од средбата со Кинезите во Мадрид: Важниот состанок мина многу добро
-
Приведено лице од Битола за изнуда
-
Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината
-
Велосипедист застрелал 18-годишно момче во Чаир
-
Одложено денешното судско рочиште за предметот „Адитив“
-
МЗ: Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево, лице транспортирано на Клиниката за токсикологија
-
Возачите на „Шкода“ најмногу пцујат, меѓу британските возачи