-->
-->
Приведени две лица кои со закани и употреба на сила изнудувале пари од скопјанец
-->
Денеска околу 16 часот пред трговски центар на подрачјето на Скопје полициски службеници од СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје ги лишиле од слобода К.С. (28) и Д.Н. (42) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело изнуда по член 258 од Кривичниот законик, информира МВР.
Како што информира полицијата, тие неколку пати со закани и употреба на сила изнудувале пари од 34-годишно машко лице од Скопје.
- Денеска на оштетениот му го одзеле клучот од неговиот автомобил, по што веднаш се лишени од слобода и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во полицискиот билтен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила