-->
-->
Приведени двајца турски државјани, предизвикале пожар во Горно Нерези
-->
На 20.09.2025 во 18:00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Џ.К.(50) и А.А.(43), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје. Тие се сомничат дека на плац во Горно Нерези, скопско, предизвикале пожар. Имено, додека работеле со апарат за заварување, од искрите настанал пожар на сува трева, кој се проширил и надвор од плацот.
Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот