Македонија
4. November 2022 - 11:27

Приведени двајца осомничени дилери на хероин од Битола

 Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР – Битола вчера ги лишиле од слобода битолчаните А.Д. (30) и Ш.К. (37).

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при претрес во домот на А.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и банкноти во различни апоени.

При претрес, пак, во домот Ш.К., исто така извршен со судска наредба, бил пронајден и одземени хероин, дигитална вага и предмети со остатоци од хероин.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.