Приведени двајца крадци од Скопје

Двајца скопјани вчера биле приведени од полициски службеници поради кражба извршена на 7 јуни годинава на автобуска постојка во Гази Баба. Одземеното е вратено на сопственикот.
- Вчера, околу 09.00 часот, во Скопје од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба при скопското СВР се лишени од слобода скопјаните С.А.(44) и А.М.(55). Имено, по преземени мерки и активности е констатирано дека на 7 јуни 2023 на автобуска постојка во близина на угостителски објект на подрачје на Гази Баба, пријавените одзеле предмет од Н.Т. При извршениот службен разговор тие го појасниле начинот на извршување на кривичното дело, а одземениот предмет е пронајден кај нив и ќе биде вратен на сопственикот, известуваат од МВР.
Од полицијата соопштуваат дека поради основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело „кражба“ казниво по чл. 235 и кривично дело „прикривање“ казниво по чл. 261 од Кривичниот законик, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Откуп на тутунот
-

Од утре, бесплатен пренатален скрининг за трудници во КБ-Штип
-

Охриѓани во еко акција
-

Тема на денот со Андреј Петров
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

СДСМ бара кривична одговорност за непотребните операции на срце
-

Инспекторите од понеделник на терен, ќе се казнува секој кој ќе фрли отпад по 22ч
