Приведени четири лица, возеле со брзина поголема од дозволената

На 04.05.2025 во периодот од 14.00 до 20.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар извршиле акциска контрола за пречекорување на максимално дозволената брзина во и надвор од населено место.
Притоа, поради безобѕирно управување со моторно возило по наредба од јавен обвинител од слобода биле лишени четири лица.
Во 15.00 часот на автопатот Тетово-Скопје, кај наплатна станица Желино, Ф.С.(29) од с.Палатица, тетовско, управувал патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки со брзина од 177 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 100 километри на час надвор од населено место.
Во 15.00 часот на магистрален пат Тетово-Гостивар, кај Дебрешки надвозник во Гостивар, Џ.А.(36) од Скопје управувал патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблички со брзина од 156 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час надвор од населено место.
Во 16.00 часот на булевар „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, Ф.Љ.(25) од Тетово управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 106 километри на час каде максималната дозволена брзина е 50 километри на час во населено место.
Во 16.00 часот на магистрален пат Тетово-Гостивар, кај Дебрешки надвозник во Гостивар, С.С. (45) од Тетово управувал патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки со брзина од 160 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час надвор од населено место.
Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик
Ново на Сител
-

“Стоп за Усје” одржа протестен марш во Скопје
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Утре стартува Сејф сити, казните за возачите ќе бидат од 15 до 500 евра и одземање возачки дозволи
-

Апсурдна е пресудата за новинарката Вејсели, реагираат медиумските организации и властите
-

Мицкоски за нон-пејперот на Кос: Наше е да работиме за полноправно членство во ЕУ
-

Доколку и во иднина има блокади на балканските транспортерите штета ќе има цел Балкан, но и Европа
-

Раст на индустриското производство во декември
-

Преглед на вестите од светот
