Приведени 21 лица за нарушување на јавниот ред и мир на натпреварот меѓу ФК „Шкупи“ и „Левски“
Вкупно 19 лица се приведени вчера поради нарушување на јавниот ред и мир пред и за време на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК „Шкупи“ од Скопје и ФК „Левски“ од Софија.
Како што соопшти МВР, 19 приведени биле навивачи од Република Бугарија. Од нив, осум лица се приведени за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив.
По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Околу полноќ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода и двајца навивачи на навивачката група на ФК „Шкупи“, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. И овие лица се приведени и ќе се соочат со законски предвидените поднесоци.
Од МВР информираат и за физичкиот напад врз четворица бугарски државјани. Според пријавата, настанот се случил вчера во 18.38 часот на улица „Цветан Димов“, при што бил употребен и остар предмет, а бугарскиот државјанин Д.А. се здобил со тешки телесни повреди.
- По преземени мерки и активности утврден е идентитетот на поголемиот дел од напаѓачите и се расчистува случајот, по што ќе бидат поднесени пријави, се наведува во соопштението од МВР.
Повредениот Д.А. бил пренесен на Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ во Скопје и е во стабилна состојба.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Извршена е прва трансплантација на рожница во јавното здравство во нашата држава
-

Поради долг му упатувал закани и го испрскал со спреј во очите, приведен скопјанец
-

Три 13-годишни девојчиња тепале друга малолетничка во Центар
-

15-годишник во Аеродром нападнат од шест лица кои му барале пари
-

29-годишник сo „голф“ удрил во паркирано возило, па во тројца пешаци, меѓу кои тригодишно дете
-

Екс-директорка на здравствен дом од Делчево со наполнети 67 години останала на функција наместо да се пензионира
-

Полковник Кире Николовски одликуван со Сребрен медал за национална одбрана
-

Владата е стабилна, разговорите за пополнување на испразнетите места се во тек, вели премиерот Мицкоски
