Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник и двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол. Три лица во Битола, две лица во Прилеп (еден малолетник), две лица во Скопје и по едно лице во Ропотово, Кичево, гостиварско, Гостивар и Ресен.
На возачот во Ресен му биле измерени и 0,92 промили алкохол во крвта. Под дејство на алкохол, исто така, возеле по едно лице во Кратово и Македонска Каменица. Возачот во Кратово претходно предизвикал сообраќајна незгода, односно со возилото кое го управувал удрил во паркирано товарно возило.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Ново на Сител
-

Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Уставен одлучува за платеното рекламирање по иницијатицата на Левица
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
-

Сиљановска на Самитот на НАТО: Обединета Европа значи посилна Европа
-

Локалитетот „Баргала“ можеби „крие“ постара историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
