Приведени 11 лица во текот на изминатото деноноќие затоа што кај нив е пронајдена дрога

На 03.06.2026 во 14:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода Г.С.М.(53) од Сојузна Република Германија. При контрола на кампер „фолксваген“ со германски национални ознаки, кој го управувала, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања и кесички со бела прашкаста материја и марихуана, 82 помали пакувања со тутун, 16 кутии цигари и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Г.С.М. била задржана во полициска станица.
На 03.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.А.(41) од с.Катланово, скопско, Г.Б.(37) од с.Волково, скопско, Б.С.(35) од с.Горобинци, светиниколско, 16-годишник од с.Рашче, скопско, 16-годишник од Скопје, Џ.Б.(27) од Турција и Џ.Е.Б.Л.К.(19) од Канада, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава грутчеста материја и марихуана.
На 03.06.2026 во 01:15 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода Ј.Т.(37) и Е.Н.(37), двајцата од Битола, затоа што при извршен преглед над нив, кај Ј.Т. била пронајдена и одземена марихуана.
На 03.06.2026 во 21:30 часот во с.Дебреше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ш.И.(21) од с.Врановце. При преглед на патничко возило „нисан“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое бил пријавениот, во неговата торба биле пронајдени и одземени марихуана и пари. На 03.06.2026 во 22:15 часот на ул.„Живко Брајкоски“ во Гостивар, по претходно добиени информации и преземени мерки, полициски службеници од ОВР Гостивар во канта за отпадоци пронашле неколку пакувања со марихуана. Пронајденото е подигнато за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
-

Сејф сити се уште не ги казнува странските возачи, деновиве системот започнува да функционира на ГП “Табановце”
