Приведени 10 лица меѓу кои тројца полицајци и пет цариници поради недозволена трговија со дрога
Денеска (21.12.2021) по преземени повеќемесечни мерки и активности по насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога во содејство со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје спроведена е голема акција со претреси на повеќе локации во Куманово и Скопје, при што се лишени од слобода десет лица, и тоа Б.А.(35), М.А.(40), И.А.(45), И.Ф.(47), А.А.(43), сите од Куманово, А.Ж.(53), Т.Т.(54), Д.К.Ш.(43), Џ.Ш.(36), од Скопје и Љ.Љ.(36) од Тетово, меѓу кои тројца полициски службеници и петмина царински службеници. Деветмината се сомничат дека извршиле кривично дело „криумчарење“ од член 278, а тројца од нив дека сториле и кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 од Кривичниот законик, додека при претрес кај А.А. бил пронајден и одземен кокаин.
Имено, во текот на месец ноември 2021 година четворица од нив, меѓу кои два полициски службеника, во два наврата учествувале во неовластено пренесување заради продажба на прекурсори, од царинската испостава на Меѓународен аеродром Скопје до зелениот појас во близина на државната граница помеѓу нашата држава и Р.Косово. Притоа, осомничените царински службеници постапиле спротивно на нивните службени надлежности и не извршиле соодветна контрола на стоката согласно декларираната.
Лицата во текот на денот ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, а во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Град Скопје најавува засилени контроли поради загаденоста - Дневно во Клиниката „Козле” по 150 прегледи на болни деца
-

Презентирана нова интернет платформа за следење на општинските проекти финансирани од Владата
-

Дебата: Kаква ќе биде иднината на медиумите во Македонија?
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судeњето за „Пулс“ - родителите на загинатите дојдоа со транспарент пред судницата
-

Адем Чучуљ ја превзема претседателската функција во ДКСК, ќе работи на враќање на интегритетот на институцијата
-

На посебна веб страна ќе се следи реализацијата на проектите на општините финансирани од Владата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски набавил поскапо жито за стоковите резерви за 1,3 милиони евра, откако Заев и Филипче му го отпишаа кусокот
