Македонија
24. October 2023 - 13:40

Приведена кумановка за две кражби во куќи

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 13.15 часот, ја лишиле од слобода М.З. (25) од Куманово осомничена дека истиот ден влегла во две куќи во Куманово и одзела предмети и пари.

МВР денеска информира дека дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците.  М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.