Македонија
9. December 2020 - 16:23

Приведена 51-годишна прилепчанка, при преглед кај неа пронајдено оружје

Денеска (09.12.2020) во Скопје, по претходно добиени оперативни информации, полициски службеници од ЕНТ-ОНТД при СВР Скопје ја приведоа Д.А. (51) од Прилеп поради нелегално поседување огнено оружје. При извршен преглед, кај Д.А.  е пронајден пиштол „застава“ со пет куршуми и две рамки. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.