Приведен жител на неготинско село, не почитувал судска наредба за приближување на сопругата

Жител на неготинско село бил приведен, по пријава дека не почитувал судска наредба за приближување на сопругата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 17:35 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода В.Ј., на возраст од 32 години од неготинско село, по претходна пријава од неговата сопруга, со која бил во бракоразводна постапка. На В.Ј. претходно му било издадено решение од Основен суд - Неготино, со забрана да ја вознемирува и да контактира со сопругата и забрана за приближување од 100 метри до домот, но, тој не го почитувал решението и се заканувал и физички ја нападнал, појаснуваат од СВР - Велес.
Известен бил јавен обвинител.
Од СВР - Велес потенцираат дека по документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири паника
-

Регионален антикорупциски форум во Скопје
-

Генерално чистење на Скопје
-

Објавен годишниот конкурс за финансирање проекти од културата
-

Преглед на вестите од светот
