-->
-->
Приведен возач од Пробиштип, возел под дејство на алкохол
-->
На 09.07.2025 во 20.50 часот на регионалниот пат кај с.Неокази, пробиштипско, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода С.Ј. (59) од Пробиштип.
Полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал С.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
-
Во Ургентен на Клинички дневно имаат по 10-15 повредени во сообраќајни несреќи
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт