-->
-->
Приведен струмичанец кој ограбил казино
-->
Денеска (22.09.2023) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Н.В. од Струмица.
Тој се сомничи дека на 19.09.2023 со употреба на сила влегол во казино во с.Босилово, струмичко и одзел пари. По преземени мерки било дојдено до сознание дека тој е сторителот на делото, по што денеска бил извршен преглед кај него и на неговото работно место во Струмица.
Притоа, во неговиот ормар била пронајдена торба со парите, кои ќе бидат вратени на сопственикот.
Од него биле одземени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштува МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука
-
Мицкоски: Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи во ноември
-
Комплетно реновирани операциони сали на Клиниката за уво, нос и грло
-
Преглед на вестите од светот
-
Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“