Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице

Приведен е скопјанец кој минатиот четврток пред угостителски објект на улицата „50 Дивизија“ со нож му нанел убодни рани на друго лице. Министерството за внатрешни работи информира дека против скопјанецот со иницијали А.Ч. е поднесена кривична пријава и одредена му е мерка куќен притвор во траење од 30 дена.
- Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ч. од Скопје затоа што на 23.04.2026 пред угостителски објект на ул. “50 Дивизија” со нож му нанел убодни рани на А.Ѓ.. Веднаш по добиената пријава за настанот, полициски службеници презедоа соодветни мерки и активности и случајот е во целост расчистен. Напаѓачот е лишен од слобода, а од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, е поднесена кривична пријава по итна постапка против А.Ч. за кривично дело “обид за убиство” по член 123 во врска со член 19 од КЗ, информира МВР.
Ново на Сител
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на обвинители да го испита работењето на Абази
-

Уште две девојчиња пријавиле недолично однесување на наставникот од Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
-

Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство
