-->
-->
Приведен сириски бегалец во врска со нападот во црквата во Франција
-->

Француската полиција уапси еден сириски бегалец поради сомнеж за поврзаност со џихадистичниот напад во црквата во близина на Руан во вторникот, при што беше убиен католички свештеник.
Како што јавија француските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, приведениот Сириец бил сместен во центар за апликанти за азил во централна Франција.
Со приведувањето на Сириецот, бројот на лица уапсени во врска со нападот во црквата се искачи на тројца.
Нападот го извршија двајца осомничени исламисти, кои упаднаа во црквата во местото Сен Етјен ду Рувре, задржувајќи ги присутните како заложници. При инцидентот тие го заклаа свештеникот пред олтарот на црквата и ранија уште едно лице. Напаѓачите беа убиени од полицијата при обид да побегнат од црквата.
Одговорност за нападот презеде џихадистичката група Исламска држава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
-

Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени
-

АХВ: Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла | ФОТО
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
