Приведен радовишанец кој подметнал пожар во зграда
Вчера во 13.20 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Б.Ѓ.(57) од Радовиш, кој се сомничи дека околу 05.40 часот подметнал пожар во станбена зграда лоцирана на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, во кој биле опожарени влезни врати од 8 станови, ходниците и една разводна табла за електрична енергија, информира МВР.
На терен излегле од Територијалната противпожарна единица Радовиш и пожарот бил изгаснат, повредени лица нема, а увид на местото извршиле инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа од ОВР Радовиш.
Од МВР додаваат дека при лишувањето од слобода кај Б.Ѓ. биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, а такви предмети биле пронајдени и во неговиот дом. Истиот бил задржан во Полициска станица Радовиш и со него бил извршен службен разговор при што го признал делото.
„За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и во текот на денот лицето ќе биде изведено пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица“, додаваат од министерството.
Ново на Сител
-
ОН: Туризмот во светот се врати на нивото од пред пандемијата со Ковид-19
-
Македонската репрезентација со еден гол негатива на полувремето против Австрија
-
Ѓоковиќ го победи Алкараз и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен
-
Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
-
Најмалку 66 загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар
-
ЕП го одобри Договорот за Фронтекс меѓу ЕУ и Србија
-
ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан
-
Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!