Приведен неготинец кој со возило не застанал на полициски сигнал и се обидел да удри во полициско возило
Приведен е 28 годишен неготинец, кој со „мерцедес“ не застанал на полициски сигнал и се обидел да удри во полициско возило, информираа денеска од СВР Велес.
– Синоќа во 22:30 часот на клучката Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Б.М., на возраст од 28 години. Претходно, на автопатот во близина на Неготино, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал. Но, тој продолжил со движење по локалните улици во Неготино и се обидел да удри во службено полициско возило, појаснуваат од СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството